ВМРО-ДПМНЕ: Последен пат во Прохор Пчински во 2009-та беше делегација предводена од Велјаноски

од Vladimir Zorba
223 прегледи

„Пендаровски и власта треба да знаат дека последен пат на Прохор Пчински делегација на Македонија била во 2009 година на чело со претседателот на Собранието Трајко Велјаноски, а не како што тие тврдат. Им благодариме на пријателите од Србија за денешниот гест со посетата на Претседателот Стево Пендаровски на манастирот Свети Прохор Пчињски“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Сепак, Претседателот на Македонија бил должен да знае дека последен пат на ова историско место бил Претседателот на Собранието Трајко Велјаноски во 2009 година, а не така како што беше кажано!

Освен тоа, протоколот на нашата држава наместо да прикажува нереални дипломатски достигнувања и наводни несекојдневни успеси, требало да биде информиран дека таблата пред која денеес се поклонија преставниците на нашата Држава, ниту е оригиналната табла, ниту таа е на местото на кое треба да стои“, додаваат оттаму.