ВМРО-ДПМНЕ постави 1.071 каранфил на улица и побара оставка од Филипче

од Берта Китинска
143 прегледи

Опозицијата на денешниот протест  поставувајќи  1.071 каранфил  на улица во знак на почит кон 1.071 починат од корона обвини дека Зоран Заев и Венко Филипче се главните виновници затоа што сега пандемијата урива рекорди, а болниците се полни.

„Тие 1.071 починат, не се само гола статистика, не се бројка, тие се 1.071 се семејства завиени во црно. 1.071 семејство завиено во црно. 1.071 судбина, тоа се нечии родители, деца, браќа и сестри. Тие се луѓе од кои голем број можеби денес ќе беа меѓу нас доколку Филипче не беше толку неспособен и ги послушаше советите на ВМРО-ДПМНЕ уште на почеток на пандемијата. Ова е најголемата трагедија која и се случува на Македонија по Втората светска војна. Македонија немала толкав број на починати, од ниту една болест, од ниту од било каков друг единечен фактор од Втората светска војна се до денес, изјави Марија Андоновска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ од пред Владата.

Слични содржини