Не се работи дали треба да биде порано или покасно протестот. Јас ги повикувам сите граѓани кои се чувствуваат разочарани од сите политики изминативе години, што гледаат што се случува. Нека дојдат сите граѓани, да види колку е народот незадоволен од власта, да се покаже потребата од предвремени избор, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски во „Тема на денот“ на Сител телевизија говорејќи за претстојниот протест на 18 јуни.
Мисајловски истакна дека сите анкети покажуваат дека мнозинството од народот сака промени и дека државата со оваа власт оди во погрешна насока.