ВМРО-ДПМНЕ повторно бара брзи избори

од Nikola Popovski
264 прегледи

Според ВМРО-ДПМНЕ, новата анкета на Центарот за анкетни истражувања на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) покажала стабилно водство на партијата со над 100 илјади гласа разлика.

-Токму поради оваа причина СДСМ и Ковачевски бегаат од избори. Опозицијата би била апсолутен победник на таквите избори. На СДСМ не им сметаа кога и како се објавувани анкетите на кои водеа, ама сега најдоа забелешка на објавувањето на анкетата каде што убедливо губат, објавија од најголемата опозициска партија.

Од партијата додаваат дека „драматичниот пад на рејтингот на СДСМ е само доказ дека веднаш се потребни брзи избори“.

Според анкетата на прашањето за политичките партии, само 21 отсто од граѓаните на Северна Македонија веруваат дека тие се транспарентни во работењето со парите добиени од државниот буџет. Понатаму, 48 проценти не биле запознаени со износот на државниот буџет кој што годишно се издвојува за финансирање на политичките партии.