ВМРО-ДПМНЕ повторно со автомобили ќе протестира за поскапувањето на струјата

од Берта Китинска
127 прегледи

Опозицијата повторно утре ќе протестира.

ВМРО-ДПМНЕ најави дека утре повторно со автомобили ќе протестира за поскапувањето на струјата.

Протестот во 18 часот ќе почне пред паркингот на спортската сала „Борис Трајковски”, по булеварот Партизански одреди, до пред Регулаторната комисија.

-Поради неспособноста на владата предводена од СДСМ останаа над 40 илјади граѓани на улица за пет месеци.Македонија има историски пад на БДП од 12.9%.Зоран Заев тргува со македонската историја, го продава Гоце Делчев.Земјоделците поради владата на СДСМ се на питачки стап.Протестираме и ќе продолжиме. Капакот на сѐ е поскапата струја која гризе од стандардот на сите. Затоа продолжуваме да протестираме против поскапата струја која носи сиромашен народ.Во четврток, во 18.00 часот, протест на ВМРО-ДПМНЕ со автомобили кој ќе започне пред паркингот на спортската сала „Борис Трајковски”, по булеварот Партизански одреди, до пред Регулаторната комисија која делува како продолжена рака на СДСМ и Заев.Поскапа струја, сиромашен народ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини