ВМРО-ДПМНЕ: Пожарите потврдија дека Владата е неспособна

од Берта Китинска
173 прегледи

Власта на СДСМ дезертираше и го остави народот на цедило со пожарите. Покажа дека системот не функционира и дека СДСМ има трула власт, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Заев отиде да се слика во Берово, замина, а пожарот продолжи. Така работи владата на Заев, шминкерски, труло, несистемски.Овој пат таквата опасна неспособност се плати и со животи. Наместо да гасат пожари СДСМ пушташе лажни вести и клевети, затоа што за оваа власт на Заев животите немаат вредност. Наместо со спасување на народот тие се занимаваат со некрофилија и клевети.

Потребно е собранието итно да расправа за недостатоците на системот и да се лоцира и индивидуалната одговорност за пропустите, велат од ВМРО-ДПМНЕ.