ВМРО-ДПМНЕ предлага осум мерки за решение на проблемите на угостителите (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

„Пандемијата која на светско ниво зазема огромни размери и не ја изостави ниту Македонија, покрај здравствениот систем и здравјето на граѓаните ја руши и економијата, која и онака беше слаба и не втурна во економска криза. Ситуацијата во стопанството и кај компаниите е драматична и алармантна. Стопанствениците и компаниите очајно бараат помош од Владата, а за жал таа е глува и нема на нивните барања. Ние како опозиција дадовме во неколку наврати сет мерки за решение на кризата, но поради суетата на Владата истите не беа ни разгледани“, вели Владимир Нелоски, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Сега дојдовме во ситуација каде што секојдневно се отпуштаат илјадници вработени од приватниот сектор. Последните анкети и статистики велат дека над 160.000 граѓани се отпуштени од работа како резултат на економската криза која настана сега, а за тоа директно се виновни единствено економскиот тим на СДСМ и Владата“, посочува Нелоски.

Слични содржини