ВМРО-ДПМНЕ: Прифаќаме секаква методологија за прочистување на избирачкиот список во која ќе учествува и СДСМ

од Vladimir Zorba
119 прегледи

ВМРО ДПМНЕ ја повикува Државната изборна комисија да изврши дополнителни активности за прочистување на избирачкиот список, само за да го увери СДСМ дека истиот е веќе прочистен. ВМРО-ДПМНЕ прифаќа секаков предлог и методологија која што ќе ја побараат членовите на СДСМ во ДИК, вели преку соопштение ВМРО-ДПМНЕ.

timthumb (1)

„Ние знаеме дека Избирачкиот список е чист. Тоа го знае и СДСМ, но не сака јавно да го признае. Затоа измислуваат разни бројки на спорни гласачи со кои се обидоа да манипулираат, но всушност потврдија дека сите изборни порази на СДСМ во изминативе 10 години се само заради тоа што народот не ја прифаќа нивната деструктивна, антидржавна политика.

Во однос на медиумите, ВМРО-ДПМНЕ нема да се согласи за воведување на цензура и санкции врз новинарите за искажан сопствен став или мислење. ВМРО-ДПМНЕ го повикува СДСМ да предложи решение од која било земја членка на ЕУ во однос на регулација на медиумите.

Најголемиот дел од пакетот за медиумите е веќе договорен и ВМРО-ДПМНЕ е подготвено да го поддржи.

Секое неприфаќање на предлозите од страна на СДСМ е уште еден доказ дека аболицираниот криминалец Заев се плаши од соочување со граѓаните на избори и дека единствена намера на СДСМ е да се влезе во Влада без никаков легитимитет“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.