ВМРО-ДПМНЕ принципиелно го осудува физичкиот напад против лицето Марјан Стаменковски, исто онака како што ги осуди нападите против новинарите Ивона Талевска, Дејан Николовски, Јанко Илковски, Бобан Нонковиќ и Антонио Димитриевски.

За жал, освен за овој напад врз лицето Марјан Стаменковски СДСМ ниту еднаш не прати соопштение со кое требаше да ги осуди нападите врз новинарите. Напротив целата јавнос виде дека дел од нападите врз новинари беа направени од активист на СДСМ и Сорос, од лидер на коалиционен партнер на СДСМ и од братучед на Радмила Шеќеринска.
Атмосверата која ја наметнува СДСМ и нивното раководство, заедно со финансиерите од Сорос, значи илјадници лаги, манипулации, измами и шпекулации истурени во јавниот простор и тоа не само против политичари, туку и против стотици други уметници, пејачи, писатели, глумци, новинари, синдикалисти, колумнисти, професори и обични граѓани. Тие свесно предизвикуваат состојба на омраза и насилство. Впрочем СДСМ, Заев, Фрчковски, Тричковски, Геровски и сличните на нив континуирано повикуваа на насилство и физички пресметки. Политичката одговорност за сите овие напади ја носи исклучиво тесното раководство на СДСМ.
ВМРО-ДПМНЕ подолго време предупредува на неколку сценирани лажни претстави кои ги направи СДСМ заедно со нивните новинари. Потсетуваме на лажниот венец однесен во куќата на Борјан Јовановски, потсетуваме на сценариото направено од Билјана Секуловска, а спроведено од Саше Ивановски Политико и на многу други.
ВМРО-ДПМНЕ не сака да верува дека и овој настан е дел од таа ниска и гнасна игра на СДСМ и затоа бараме од институциите да го расчистат целиот случај, а извршителите без разлика на нивниот мотив да бидат строго санкционирани.
Очекуваме од професионалните медиуми и професионалните новинари одговорно да известуваат за вакви случаеви без притоа да обвинуваат и теретат било кого без ниту еден доказ или информација.
Секој обид за политизација на вакви случаеви без ниту трунка информации претставува сомнеж дека целта на ваквите настани е токму тоа. Ова почнува да личи на смислена агенда и намера да се оцрни ВМРО-ДПМНЕ и тоа преку лице кое никогаш ниту сме го сметале за новинар, ниту сме го коментирале, ниту сме одговарале на неговите манипулации.
ВМРО-ДПМНЕ е во голема предност пред СДСМ и нам најмалку ни одговараат вакви настани.
Се надеваме дека СДСМ ќе престане со ниски и подмолни сценарија и конечно ќе седне да напише програма во интерес на граѓаните, се вели во соопштениет на партијата на власт во вврска со физичкото пртетепување на сопственикот на порталот Доказ МК.