– СДС продолжува да се однесува во одбрана на криминалот на своите челници, сегашни и поранешни, и во одбрана на криминалот на ДУИ и сите оние кои се огрешиле пред законот. Стравот нема да им помогне, само може да ги доведе во заблуда дека со вакви прес-конференции може да ја запрат борбата против корупцијата и да ги задржат корумпираните судско-обвинителски и бизнис-политички спреги во моќ во правосудството. Правда доаѓа, сакале тие или не. И тоа доаѓа за сите, без разлика на партиска, етничка или верска припадност, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
– Обвинувањата дека градоначалник на мала општина како Радовиш има било каква моќ или влијание врз процеси од национален карактер, како што е изборот на членови на Судскиот совет, се апсурдни и далеку од реалноста.
Градоначалникот на Радовиш, Ацо Ристов, како и сите градоначалници, има јасно дефинирани ингеренции поврзани со локалното управување и решавање на секојдневните проблеми на граѓаните на својата општина. Тврдењата дека тој на кој било начин може да влијае врз институција како Судскиот совет, која е независно тело, се само уште еден доказ за очајот на СДСМ и нивната потреба да фабрикуваат скандали.
Дополнително, изборот на Данка Ристова за член на Судскиот совет е направен согласно законските процедури, а нејзините професионални квалификации се клучни за оваа функција. Наместо да се занимавате со конструктивни предлози или решенија за проблемите на граѓаните Кузеска, повторно се враќа на празни обвинувања и манипулации, со цел да го прикриете катастрофалното наследство на вашата партија во судството.
Данка Ристова е докажан професионалец, кој повеќе од 30 години е во правосудството, и таа е избрана со мнозинство гласови на непосредни избори, каде гласале судиите од Штипското Апелационо подрачје, вклучително и Струмица и околината.
Граѓаните знаат како се бирани судиите во Струмица и кој ги бирал, но и во цела Македонија, оттука небулозно е да се тврди дека ВМРО-ДПМНЕ може да влијае на нејзиниот избор.
Очигледно е дека кај судиите при гласањето на крај сепак преовладеала мислата да изберат врвен професионалец, наместо послушник на СДС и ДУИ како до сега.
ВМРО-ДПМНЕ ги охрабрува институциите и сите чесни судии и обвинители да се спротивстават на ова злодело од неколкумина инсталирани од СДС, ДУИ, но и отпадници од други партии во нивните редови. Таа спрега и тоа зло мора да биде поразено. Македонија мора да биде држава со ред и владеење на закон и право. Македонија мора да победи! Заедно со народот, ВМРО-ДПМНЕ ќе ја обезбеди таа победа на правото над хаосот и корупцијата, се вели во соопштението на оваа партија.