ВМРО-ДПМНЕ: СДС се симбол на злоупотреба на државните ресурси за партиски цели

од Илинка Илиоска
18 прегледи

СДС се симбол на лаги, манипулации и партизирање на државата и институциите на системот. СДС се симбол на злоупотреба на државните ресурси за партиски цели, а државните институциите, вклучувајќи ги и безбедносните структури, ги претвори во партиски штабови, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

-Фактите велат дека поранешниот директор на една од најклучните безбедносни институции Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Виктор Димовски бил дел од сите високи партиски структури. Димовски беше член на Извршниот одбор и на Дипломатскиот совет на СДС, а истиот учествувал и на јавни партиски дебати. СДС можат колку сакаат да испуштаат последни крици за опстанок и за спас на нивните партиски послушници кои се огрешиле пред законот во периодот на нивно седумгодишно владеење, но професионализација целокупниот државен апарат ќе има. Токму тоа ги боли СДС, што конечно како во сите институции, така и во безбедносните, доаѓаат професионални, стручни и компетентни кадри. Изборот на Бојан Христовски за директор на АНБ е чекор кон враќање на професионализмот и интегритетот во безбедносните служби, кои ќе работат за заштита на државните интереси – велат од партијата на власт.

Слични содржини