ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и ДУИ не се грижат за граѓаните

од Nikola Popovski
154 прегледи

Од најголемата опозициска партија денес соопштија дека СДСМ и ДУИ ги осиромашуваат Македонците, Албанците, Турците, Србите, Ромите и сите останати, а тие се богатат.

-ДУИ никаде ги нема кога се работи за подобар стандард на граѓаните Албанци, ама штом им спомнеш дека се вмешани во криминал веднаш стануваат големи патриоти и глумат нападната жртва. Додека тие играат час зелени, час европски, час сеалбански заштитници, во реалноста прават р’шум од кој најмногу страдаат етничките Албанци во Македонија. Толку од нивната грижа за тоа како живее просечниот Албанец во Македонија.

СДСМ со тоа што сега застанува отворено во заштита на својот партнер покажа дека власта им е послатка од правдата, а веројатно и самите се фатени до гуша во криминал, па немаат ниту образ, ниту храброст да ги гонат своите политички партнери, велат од ВМРО-ДПМНЕ.