ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нема да признае дека образованието оди напред

од Vladimir Zorba
96 прегледи

По изјава на Петар Атанасов од СДСМ, кој вели дека екстерното тестирање предизвика многу фрустрации, ги терало учениците да учат на памет, но и дека ги деградира наставниците, со соопштение реагираше владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Според нив, СДСМ никогаш нема да признае дека македонскиот образовен систем оди нанапред и добива европски предзнак. Во него уште стои:vmro

„Наместо на некоја од често одржуваните паушални прес конференции да понудат конкретна мерка, проект или реформа, СДСМ продолжува да го критикува сето она што нејзините партиски кадри не успеале да го обмислат и понудат пред јавноста, која континуирано ги казнува во изминатите 9 години, токму како резултат на недоволната посветеност и покажан капацитет за водење на државата, но и како резултат на свесноста за лагите, манипулациите и празните ветувања во нивните изборни програми.

Препознатливи по деструктивноста, често нудат мерки кои предвидуваат нешто да се укине, да прекине, да се отстрани… Повторно предлагаат укинување на екстерното тестирање, за кое впрочем неколкупати досега го менуваа ставот, еднаш се за, друг ден се против, трет ден ќе го менуваат, четврт ден ќе го укинуваат.“