СДСМ нема ниту изградени, ниту реновирани објекти за да може да ја знае процедурата која според закон се спроведува при овие за нив незамисливи и непознати потфати.
СДСМ по правило секојпат неаргументирано критикува кога ВМРО-ДПМНЕ нешто гради или реконструира. Ако не е тоа, ќе немаат ниту идеја за што да излезат во јавноста.
Доколку СДСМ се потрудеше наместо да ги гради своите фабрики за афери и институтот за економија “Вице Заев“, да изгради барем еден објект од јавен интерес ќе ја знаеше законски пропишаната процедура.
Проектот “Јајце“ е во трајна сопственост на Министерството за култура и согласно законските рамки исполнети се сите обврски кон проектантите. Владата на Република Македонија работи со анализи, транспарентно и одговорно. Оттука е и одлуката дека во овој момент кога се привршува новиот објект на Македонската Филхармонија , нема потреба од инвестирање на 65 милиони евра во објект за нова Универзална сала, туку ќе се изврши комплетно реновирање на постојната за сума 4 пати пониска од потребната за изградба на нова.
СДСМ очигледно е и против градење на нови објекти за културата, но и против реконструкција на постојните. СДСМ се противеше и кога се возобнови стариот театар во Скопје, кога се изгради новиот театар во Велес, кога започна изградбата на Струмичкиот театар, Филхармонијата во Скопје и уште десетици други случаи на неаргументирани противења на СДСМ.
Матрицата на СДСМ е јасна, Македонија да биде како индустриската зона во Сачево: ем не градат ништо, ем се противат ако некој друг гради.
СДСМ сака да ја конзервира Македонија во транзициското сивило во кое СДСМ ја остави. Граѓаните на Македонија сакаат нешто друго, сакаат нов стадион, нов спортски центар, нови театри, нови музеи, нови универзитети, нови студентски домови, со еден збор напредок, нешто што СДСМ никој пат не го направил.
Граѓаните тоа го докажаа на изминатите 9 изборни циклуси, а тоа ќе го покажат и на 24 април по десетти јубилеен пат по ред. На тој начин народот уште еднаш заслужено ќе го казни деструктивното однесување на СДСМ.
