ВМРО-ДПМНЕ: Се умори јавноста Петровска од СДС да глуми жртва

од Milan1
34 прегледи

– Јавноста одамна се умори од постојаните обиди на Славица Петровска да се претставува како жртва секогаш кога ќе биде повикана на одговорност. Наместо да даде конкретни аргументи и да се соочи со реалноста, таа секој пат користи истата стара тактика, глуми нападната и го пренасочува фокусот од суштинските прашања, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Последниот случај е уште еден доказ за ова. Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, зборуваше за реалните трошоци на едно четиричлено семејство, нешто што сите граѓани го чувствуваат на своја кожа. Но, наместо аргументирана дебата, Петровска повторно избра да игра на картата на жртвата, надевајќи се дека така ќе ги избегне суштинските теми.

Граѓаните заслужуваат одговори, а не лажна емпатија и театралност. Време е Петровска да престане со оваа политичка манипулација и конечно да понуди нешто повеќе од лични повреди и празни фрази, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини