„Венко Филипче шетајќи од телевизија на телевизија зборува за подготвеност на системот, за каква само тој знае, бидејќи никој друг не гледа дека е подготвен здравстевниот систем. Ама Филипче не знае прецизен датум кога ќе стигнат вакцини“, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
„Додека сите земји вакцинираат против корона уште од декмеври минатата година или почетокот на оваа година во јануари, во Македонија има незначителни дози на вакцини.
И сега иако се најавени дека две пратки, од КОВАКС, една дека ќе стигне на 31 март и друга на 15 април, Филипче вели да оставиме простор, да го кажеме ова со резерва, може да има каснење на овие пратки?!
И кинските наводно ќе стигнеле до 31 март, ама и тоа било со резерва?!
Со каква леснотија Филипче кажува дека ништо не знае, или пак би можело да се каже и дека пак лаже!
Вистината е една, Македонија, поточно Филипче и Заев не успаеаја да постигнат ни еден директен договор за набавка на вакцини.
Вистина е дека Македонија котира високо на светската листа по починати од корона, а е на дно листата по вакцинирани“, се вели во партиското соопштение.