Владата го затвори Скопје, а Шилегов ужива во Маврово и распишува нов оглас за партиски вработувања во ЈСП. Додека скопјани се во карантин Шилегов од Маврово распиша уште еден оглас за партиски вработувања, овој пат во ЈСП. Овој оглас е трет во низата, по тие во Дрисла и Комунална Хигиена кои се во вкупна вредност од над 300 илјади евра. За најновиот оглас за партиски вработувања во ЈСП не е наведена предвидената сума, и се третира истата како службена тајна. Криењето на износот на пари кои Шилегов ќе ги потроши партиски да вработува значи дека недомаќински и расипнички се трошат парите на скопјани за партиски цели пред изборите.
Шилегов од град Скопје наместо метропола претвора партиски штаб за вработување на партиски војници, се вели во соопштението на советничката група на на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје.