Најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ денес објави дека ќе поднесе кривична пријава против претседателот на Собранието Талат Џафери поради свесно кршење на Уставот и законите.
-Апелираме надлежните власти и владини институции да реагираат и да го осудат ваквиот чекор, информираат од партијата.
Ова следува откако вчера беше објавено дека спикерот Џафери на самитот на ЕП во Брисел се обратил на албански јазик, иако според членот 7 од македонскиот Устав „на целата територија во Република Северна Македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо”.
-За жал, наместо преговори сега се соочуваме со застој заради одредени билатерални барања. Наш став е дека договорната рамка со Бугарија дава соодветна основа за понатамошна соработка и ние сме подготвени за надминување на ситуацијата согласно меѓународните стандарди. Истовремено, сакам да нагласам дека овие случувања не треба да имаат влијание на отворање на преговорите за членство, истакнал Џафери.
Интерпелација за Џафери денеска најави Левица, а поддршка доби и од ВМРО-ДПМНЕ.