ВМРО-ДПМНЕ со маици со ликот на Делчев ја блокира Комисијата за политички систем

од Nikola Popovski
242 прегледи

Тензична атмосфера во Собранието на Собраниската комисија за политички систем. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, дел од нив со маици со ликот на Гоце Делчев, не дозволиле да почне расправата за предлог законот за академија на судии и јавни обвинители. Тие цврсто побарале да се разгледа Декларацијата за револуционерот Гоце Делчев.

По повод 150 годишнината од раѓањето, ВМРО-ДПМНЕ до македонското Собрание поднесе Декларација за Гоце Делчев, чиј што лик и дело е најактуелно во последниот период, особено во преговорите со нашиот источен сосед, Република Бугарија.  Од најголемата опозициска велат дека „ако ги видиме последните изјави на новоименуваниот премиер, ќе видиме дека е јасно зошто така лесно се полемизираат или се ставаат на страна овие суштински прашања, меѓу кои и онаа за значењето на ликот и делото на Гоце Делчев“.

Слични содржини