ВМРО-ДПМНЕ со сет мерки до владата бара справување со инфлацијата

од Nikola Popovski
263 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ ќе бара преку Собранието на Република Македонија наместо 5% повластена даночна стапка за промет и увоз на производи за човечка исхрана, да биде 0% односно да не се плаќа данок, понатаму ќе бараме за топлинската енергија за греење наместо 5% данок да нема данок. Овие барања да бидат со важност од денот на носење на законските измени заклучно со 31.12.2022 година, вели Гордана Димитриеска Кочоска, потпретседателка на ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата исто така ќе бара продолжување на важноста на даночната стапка од 5% за електрична енергија и после 1ви јули, како и ќе бара намалување на акцизата за нафта и нафтени деривати за 50%.

-Граѓаните според последните податоци на заводот за статистика се соочуваат со инфлација од 6,7%. Ваквата инфлација ја јаде и надминува годишната стапка на раст на просечната плата, што значи дека стандардот на граѓаните не само што не расте, туку и опаѓа. Граѓаните се соочуваат со поскапени производи и трошоци на живот. Горивата за краток период пораснаа за околу 70%, електричната енергија за 30%, а основните намирници, масло, леб и млеко во просек се поскапени за 30-тина проценти. Со истите плати и пензии се купува се помалку и помалку производи, изјави Кочоска.

Слични содржини