ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски и СДСМ едно зборуваат во опозиција, а друго кога се на позиција

од desk3
109 прегледи

Техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски денес се пофали со новиот мебел кој го набавил за своите соработници, нови фотелји, канцелариски бироа, иако неговата партија жестоко го напаѓаше секој буџет ветувајќи дека ставката за набавка на канцелариски мебел и опрема ќе ја сведеле на нула.

вмро дпмне
Спасовски не кажа колку чини новонабавениот канцелариски мебел, но од фотографиите објавени во медиумите може да се види дека истите воопшто не се евтини, а уште помалку нула денари.

Веројатно биле на “татко им” !?- Амди Бајрам, Тарчуловски, Протуѓер, Ѓуклевски незаконски користеле службени возила и обезбедување од МВР

Постои задоволство од набавката на нов канцелариски мебел, но дел од вработените коментираат дека мебелот со кој досега се служеле бил во добра состојба и функционален.

Тие сметаат дека не би требало да има селективност, односно ако Спасовски решил да троши буџетски пари за набавка на нов мебел, за истото не треба да се ограничи само на неговите соработници.