ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски треба да одговара за бегството на нарко – босовите од акцијата „Планина“

од Берта Китинска
305 прегледи

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение денеска реагира дека акцијата „Планина“, во која што беше кажано дека е сузбиена огромна нарко – група, всушност се сведува на запленети неколку десетици грама дрога и слобода за главните нарко – босови.

-Залудно Оливер Спасовски ја лажеше јавноста кога денес се соопшти дека акцијата „Планина“, во која што беше кажано дека е сузбиена огромна нарко – група, всушност се сведува на запленети неколку десетици грама дрога и слобода за главните нарко – босови.Одговорот кој и зошто ги пуштил да се спасат главните нарко-босови може да се најде и на фотографиите каде се гледаат луѓето од власта, вклучително и првиот полицаец Оливер Спасовски, во нивно друштво.
Спасовски треба да одговара затоа што е пробиена акцијата и што им е овозможено бегство на нарко – босовите, велат од партијата.

Оттаму додаваат дека во ваквиот мафијашки синџир неизоставен дел се и партиската обвинителка на Зоран Заев, Вилма Рускоска.

-Поминува петта година како ниту еден сериозен криминалец не е уаспен, ниту пак е тргнат од улиците во државата. Да не се чуди владата зошто сите меѓународни институции ја вбројуваат оваа влада за најкриминална во Европа – тоа е така, затоа што мафија владее со државата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини