Зад бетонизацијата на Маврово се криминалните интереси и пактот на матните бизниси и закрилата на власта, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата апелираат за вонреден надзор и почитување на законите.
-Потребно е да се вклучи и обвинителството кое треба да ги разгледа случаите на бесправно градење. Се работи за организирана мрежа која добива закрила од власта. Јавна тајна е дека зад бетонизацијата на Маврово се криминалните интереси и пактот на матните бизниси и закрилата на власта, стои во партиското соопштение.
Ова следува откако жители од мавровските села Леуново, Никифорово, Маврово и Маврови Анови и сопственици викендичките околу езерото денеска со протест побараа враќање на општината Маврово, прогласување на туристичка општина Маврово и најмалку двегодишен мораториум за градба околу езерото.