ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува настанот, за кој известуваат одредени медиуми, во кој била обиена и ограбена редакцијата на интернет порталот Плусинфо.
Го повикуваме Министерството за внатрешни работи и надлежните органи што поскоро да ги откријат сторителите и истите да бидат изнесени пред лицето на правдата се со цел да не се дозволи шпекулации и несериозни набедувања за евентуални сторители на овој настан.
Го осудуваме секое шпекулирање за тоа кој биле сторителите кои го направиле ова дело.
Сметаме дека е крајно непрофесионално и тенденциозно овој настан да се поврзува со прославата на 25 години од основањето на ВМРО-ДПМНЕ. Ваквата реторика е веќе видена од страна на опозициските медиуми и медиуми блиски до СДСМ, многу пати до сега, за на крај да се види дека единствено ширеле манипулација за ситни дневни поени.
Ваквите шпекулации не само што и штетат на истрагата, туку се директно обвинување без докази, што само по себе е неморално, неетички и е спротивно на законите.
