– Жителите на оваа улица сè уште чекаат санација на улицата која е оштетена и полна со дупки. Треба да сте велемајстор во слалом за да поминете, а да не го оштетите возилото – изјави Горан Јовановски од општинскиот комитет на ВМРО-ДМПНЕ од Тетово.
ВМРО-ДПМНЕ Тетово и на локално ниво е во коалиција со ДУИ, од каде доаѓа градоначалничката Теута Арифи. Но, критиките на тетовскиот разгранок на ВМРО-ДПМНЕ кон Арифи последниве неколку недели се сè почести, поради нејзините предизборни неисполнетите ветувања од областа на комуналиите, инфраструктурата, во места каде претежно живее македонско население.
Поради ваквите нереализирани активности, советничката група на ВМРО-ДПМНЕ Тетово го напушти последните неколку седници на Советот на Општина Тетово./извор Мета
