ВМРО-ДПМНЕ: Третиот бран почна, вакцини нема

од Nikola Popovski
150 прегледи

„По повеќе од една година корона во Македонија сликата иста како и на почетокот, ако не и полоша, затоа што за оваа година можеше многу да се направи, ама не се направи ништо. Трет бран и Филипче и Заев не направија ништо за да го организираат здравствениот систем, ама се грижеа за провизиите“, соопштија од најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ.

„Прв бран без лична заштитна опрема, без тестови, без соодветни лекови, втор без болнички кревети, без тестови, трет бран пак нема болнички кревети, нема доволно тестови. Иако е трет бран и во другите држави вакцинацијата стартуваше крајот на декември или почетокот на јануари, во Македонија нема вакцини, има само незначителни донирани дози. Нема вакцини затоа што нема провизии. Во Македонија  нема вакцини, нема лица кои стекнуваат имунитет затоа што примиле вакцина. Ама бројката на починати се движи кон 3.500, бројката на заразени е повторно четирицифрена и за сето ова виновни се Филипче и Заев“, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини