ВМРО-ДПМНЕ тврди дека инсулинот кој го уништи МЗ бил од една од најреномираните фирми во Данска (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
379 прегледи

„Дел од инсулинот, кој што бил уништен на ден 5.12.2019 година, имал валиден рок на употреба до 6 и 7 месец 2020 година. Патем овој инсулин бил произведен од една од најреномираните компании НОВО НОРДИСК од Данска и оваа компанија стои како гаранција за квалитетот на производот“, вели Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ако за министерството за здравство оваа компанија носи неквалитетни лекови со сомнително потекло, тогаш не знаеме која компанија произведува поквалитетен инсулин! Паѓа во вода обвинувањето за неквалитетен инсулин“, посочува таа.

Слични содржини