ВМРО-ДПМНЕ утре ќе протестира пред Министерството за здравство

од Nikola Popovski
157 прегледи

„Власта е неспособна да обезбеди вакцини. 4 месеци откако во регионот и Европа е почната вакцинацијата, ние уште немаме вакцини. Секојдневно се разболуваат над 1.000 луѓе од Ковид-19, а бројот на починати одамна е двоцифрен секој ден. Додека Заев е вицкаст и ја замајува јавноста, 3.500 животи се загубени“, обвини Владимир Нелоски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Заев и Филипче на совест ги носат сите заразени и починати од јануари до денес, тоа се луѓе што, доколку имаше навремено вакцина, немаше да се заразат или немаше да ги изгубат своите животи.

Заев и Филипче мора да сфатат дека штетата што им ја нанесоа на граѓаните и државата е непоправлива и залудни се сите обиди за спас.

Потребна е одговорност, а не изјави со обид за засмејување на народот, од типот еве сега сме сигурни барем дека вакцините се безбедни. Не, Заев, сега сме сигурни дека сте неспособни и дека наместо здравјето на граѓаните, на прво место ги ставивте вашите провизии.

Одговорност ќе има. Здравје, наместо провизии!

Ве повикувам сите, утре, сабота, со почеток од 11.30 часот, пред Министерството за здравство на протест против неспособните политики на Филипче, кои нѐ чинат животи“, порача Нелоски.