Како пратеници од струмичкиот регион поднесовме амандман на ребалансот на буџет, кој е во постапка, за прераспределба на 3,5 милиони денари за набавка на три амбулантни возила за Болницата во Струмица, но за жал пред неколку дена власта овој амандман го одби со образложение дека не е потребна таква набавка, вели денеска на прес конференција Дајанчо Ефтимов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
Очигледно е дека власта или не ја знае состојбата во Струмичката болница или не сака да ги помогне капацитетите, само затоа што предлог амандманот на буџетот доаѓа од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, смета тој.