ВМРО-ДПМНЕ: Власта со опозициски пресови, сака да ја покрие нивната неспособност

од Destan Jonuzi
158 прегледи

„Власта на СДС со опозициски пресови, сака да ја покрие нивната неспособност и криминал на централно ниво. Тие само шират невистини и лаги, надевајќи се дека граѓаните нема да сведочат за криминалната СДС“, се вели во писмената реакција на опозициската ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на потпаролката на владејачката СДСМ, Богданка Кузеска.

– Еден таков криминал кој што СДС сака да покрие е аферата „Броило“, каде во центарот на картелот е фатен Ковачевски, а тоа е афера тешка 26 милиони евра. Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ за една година направија повеќе од нивните претходници од СДС за 4 години. Нема општина каде градоначалник е од ВМРО-ДПМНЕ, а да нема реализирано десетици инфраструктурни проекти. Голем број административни бариери се тргнати, и општините се направени по достапни за граѓаните. Локалната самоуправа е сервис за граѓаните, а не како претходно за мафијата. СДС тагува затоа што не можат да прават криминал и да си ги довршат криминалните зделки кои ги почнаа. ВМРО-ДПМНЕ работи за граѓаните, и нема ден кога не се отвораат или пуштаат во употреба нови проекти. И додека градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ работат, власта на секој начин опструира, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.