ВМРО-ДПМНЕ: Во 2019 министер беше Спасовски, а не Чулев

од Nikola Popovski
496 прегледи

Најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ излезе со демант на интервјуто на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

„Во изјава за Ал Џезира Спасовски изјави: Слушам во изјавите кои ги даваат деновиве дека станувало збор за една патна исправа која е издадена на 29 јануари, 2019 година. Па, кој беше тогаш министер?“- праша Оливер Спасовски.

На 29 јануари 2019 министер е Спасовски, и тој го издал пасошот на наркобосот Валид Иса Хмаис.

Или Спасвски не знае во која  година живее, или намерно сака да манипулира“, велат од партијата.

Според нив, 2019 година министер е Оливер Спасовски. Изборите и техничка влада е 2020 година. Нема лек за лагите на Спасовски евидентен доказ дека е извор на лажни вести и главен логистичар на мафијата.

„Тоа што денеска проба да се вади на Чулев покажува дека му е повеќе од јасно дека е виновен и дека е фатен во криминал до гуша.

Колку и да се труди да манипулира и колку и да прета, одговорност ќе има“, стои во партиската реакција.

„Слушам во изјавите кои ги даваат деновиве дека станувало збор за една патна исправа која е издадена на 29 јануари, 2019 година. Па, кој беше тогаш министер?“- праша Оливер Спасовски, министерот за внатрешни работи, во интервјуто за Алџезира, мислејќи на тоа дека опозициската ВМРО ДПМНЕ на прес конференција кога објавувала податоци за еден од фалсификуваните пасоши заборавила да напомене дека е издадена кога нивната партија имаше министер за внатрешни.

Спасовски во интервјуто посочи и дека секој граѓанин, посебно политичар, кој има информации за криминал мора прво да ги сподели со надлежните органи.

„Меѓутоа, знаејќи дека има таква истрага, наместо со обвинителството, овие податоци се споделуваат во јавноста, во еден момент кога се знае дека ќе имаме реализација на истрагата. Тоа не може на никаков друг начин да се нарече освен обид на саботирање на истрагата, а од кои причини мислам дека ќе се покаже во наредниот период, за тоа треба обвинителството да реагира, треба да се утврдат овие факти.“- дополни Спасовски.

 

Слични содржини