ВМРО-ДПМНЕ: Во услови кога општината е задолжена, ДУИ склучила 811 договори на дело во Тетово

од Берта Китинска
237 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ денеска испратија соопштение во кое се вели дека ДУИ склучила 811 договори на дело во Тетово, во услови кога општината е задолжена.

„СДСМ и ДУИ се одлично уиграни кога се работи за злоупотреби и трошење на народни за партиски и лични интереси. Ако не е некоја злоупотреба со наместен тендер, тогаш тоа е оптеретување на општинскиот буџет со голем број договори на дело“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Како што велат, за тоа како функционираат општините под власта на ДУИ и СДСМ показател е последниот случај со општина Тетово.

„Општина Тетово во 2021 година под раководство на Теута Арифи од ДУИ/СДСМ, склучила дури 811 договори на дело. Веројатно олку голем број вака ангажирани лица нема ни во Берлин или Париз, ама затоа една од најзадолжените општини во Македонија ангажирала лица под договор на дело и покрај тоа што во општината има превработеност. Општината Тетово наместо за проекти во интерес на граѓаните одвојувала месечно по 5000 до 25.000 денари по човек, за кои нема информација какви ангажмани имале. Во исто време кога во Тетово нема вода, кога не се собира сметот, кога нема асфалтирање на улици, изградби на градинки и училишта да се трошат милиони годишно за спорни договори на дело е крајно недомаќински и неодговорно“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини