ВМРО-ДПМНЕ: Во времето на СДСМ работниците земаа по пет илјади денари

од Vladimir Zorba
77 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение реагираше на денешните обвинувања од СДСМ за минималната плата.

vmro-770x470

– Граѓаните во Штип убаво се сеќаваа што се случуваше во времето кога на власт беше СДСМ: затварање на ПИ „Македонка“, затварање на МК „Астибо“ и ЗИК „Црвена ѕвезда“, „Политекс“ и фабриката “Селена“, илјадници наши сограѓани останаа без работа, илјадници семејства во Штип останааа на работ на егзистенцијата. Токму во Штип најсилно се почуствува погубната и криминална транзиција на СДСМ од која во цела Македонија настрадаа 200.000 работници, се вели во реакцијата.

Притоа се посочува дека минималната плата е воведена кога ВМРО-ДПМНЕ дошла на власт, додека во времето на СДСМ работниците во текстилната индустрија работеле непријавени за плати до 5.000 денари.

– Вработените за кои денес СДСМ зборува беа третирани во нивно време како луѓе од трет ред, без право на достоинствена плата и оставени без елементарната егзистенција, наведува ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата.