ВМРО-ДПМНЕ за Арсовска: Очаен човек прави очајни чекори, два дена смислувала што да излаже

од Vladimir Zorba
144 прегледи

Очаен човек прави очајни чекори, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ по денешната реакција на градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска околу блокадите на главниот град.

Во соопштението на Арсовска, таа упати низа прашања до ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои и тоа, дали Христијан Мицкоски имал тајна средба со премиерот Димитар Ковачевски.

„Денес требаше Арсовска да излезе и да понуди решение, но таа два дена смислувала што да излаже. На сите прашања што се однесуваат на ВМРО-ДПМНЕ одговорот е НЕ. Е сега кога сме кај прашањата: Дали на средбата Арсовска Ковачевски е договорено провизија, наместо попуст? Зошто во договорот за нафта со Пуцко Петрол нема ниту еден процент попуст, а во сите претходни има. Од Костовски, преку Трајновски до Шилегов. И дали е точно дека бугарски автобуси треба да вршат јавен превоз како замена за тековниот“,прашаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини