„Законот за попис не е закон кој што треба да го носи европското знаменце, односно се злоупотребува скратената постапка и оние европски знаменца кои што треба да стојат на закони кои што треба да значат усогласување на македонското законодавство со европското. Ова е закон за попис кој што всушност е за една употреба за еден пописен процес во деценијата“, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
„Ова е закон кој што треба да определи едно статистичка операција, пребројување на населението, а во него како секогаш до сега била вклучена методологијата, но овој пат изостанува методологијата според која што ќе биде вршена оваа статистичка операција.
Тоа е така затоа што, во моментот овака како што е предложена и објаснета не станува збор за статистичка операција туку за политички договор кој што се потврдува со два врзани потписи. Вака како што е предложена законот може да даде резултат од неверојатни 3 милиони жители во Република Македонија“, посочува тој.