ВМРО-ДПМНЕ: Заев да си даде оставка, изгуби со над 100.000 гласови разлика

од Vladimir Zorba
342 прегледи

„Заев да си даде оставка, изгуби со над 100.000 гласови разлика. Тоа е најслабиот резултат на неговата партија. Заев изгуби над 40 општини. Народот во над 40 општини избра промени“, соопштуваат утрово од Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ.

Како што велат оттаму, Заев бил политичарот поради кој сме на 111 место на Транспаренси, на врвот на листата во Европа по бројот на починати од КОВИД на еден милион жители.

„Заев е виновен затоа што земјата е ословена како хибриден режим, за 215 пасоши издадени на белосветски криминалци, за шверцот со дрога во која беше фатен возач на член на неговото семејство. Заев е виновен затоа што државата е во енергетска криза, за инфлацијата и за лошата живеачка. Заев е причината за сите порази. Заев мора да си замине“, посочуваат од партијата на Мицкоски.