ВМРО-ДПМНЕ: Заев е маша на странски центри

од Vladimir Zorba
92 прегледи

Во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ по пресот на Зоран Заев посветен на Хашките случаи се посочува дека со објавените снимки СДСМ “продолжува со спроведување на своето сценарио за дестабилизација на Македонија. Тоа впрочем сега веќе им е јасно и најголемите поддржувачи на СДСМ”.

Во соопштението уште се укажува дека “неговата улога е да биде маша на странски центри кои имаат за цел нарушување на стабилноста на Македонија и на нејзиниот меѓународен углед„.

Според владејачката партија Заев продолжува да манипулира со креирани и лажни материјали кои ги става во контекст кој што нему му одговара, со цел да предзивика забуна кај граѓаните. Самиот тој со овие прес конференции потврдува кој се бил слушан и дека слушањето го правеле надворешни лица под патронат на странски центар.

„Внесувањето на Македонија во истите стари сценарија е единственото нешто што СДСМ знае да го работи – велат од ВМРО-ДПМНЕ„.„ Само преку креирање на конфликти и дестабилизација, сакаат да се доберат до власт. Тоа го правеле во минатото, а гледаме дека го прават и сега.

Граѓаните се мудри и знаат да ги препознаат деструктивните однесувања како ова на СДСМ и Заев. Тоа го казнувале до сега, а ќе го направат и на следните избори”, реагира ВМРО-ДПМНЕ по објавената “бомба” број 18 денеска.