ВМРО ДПМНЕ: Заев тргува со идентитетот, јазикот и историјата

Опозициската ВМРО ДПМНЕ, и денес как и изминативе денови, ќе продолжат со блокади на улиците ширум земјава. Овојпат во прашање се 20. градови, а опозициската партија во своето соопштение вели:

Од 16 часот со блокада на улиците кај Влада, МНР и Министерството за правда и протести во 20 градови, ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе порача дека премиерот Зоран Заев треба да си даде оставка.

-Зоран Заев објави дека ќе ја менувал историјата во учебниците. Зоран Заев објави дека имало договор за 3 записници, а за 11 се пред договор, но не кажува која е цената за тоа. Зоран Заев вели договорена е формулација за 5 историски личности, не правејќи разлика од споделена и заедничка историја. Заев тргува со идентитетот, јазикот, историјата. Народот се буди, протест сега за да не биде предоцна, велат од партијата.

Слични содржини