ВМРО-ДПМНЕ: Заканите за емитување незаконски прислушувани материјали се уште еден доказ за паниката во СДСМ

од desk3
79 прегледи

ВМРО ДПМНЕ во крајно транспарентна и законска постапка купи седишта за Општинските Комитети низ земјава во кои што нашите членови би имале елементарни услови за работа, истакна Андон Чибишев, пратеник на владејачката партија.

cibisev-vmro
“Ваквиот начин на работа очигледно е непознат и несфатлив за СДСМ. За нив е чудно инфраструктурата на партијата да се гради од нула и да се грижи за сопствените ресурси.

СДСМ е партија која наследи огромен имот од поранешниот Сојуз на комунисти на Македонија. До ден денес тие користат имот кој е граден со пари од сите граѓаните и за тоа не дале никаква сметка и не понеле никаква одговорност. За разлика од нив, ВМРО-ДПМНЕ низ Македонија немаше ниту една гаража каде можеше да ги одржува своите состаноци.

Еве со каков имот располага СДСМ. Уште поважно, тој имот е наследство од Сојузот на комунисти, а е граден со пари од сите граѓани:

1. Градежна парцела во строгиот центар на Скопје на улица Павел Шатев (поранешна Бихачка) со површина од 2702 м2

2. Зграда на СДСМ која ја користат како централен штаб, на улица Павел Шатев (поранешна Бихачка) со вкупна површина од 1669 м2, двете по квадратура поголеми од новиот партиски штаб на ВМРО ДПМНЕ

3. Деловен простор во Битола на улица Ленинова со вкупна површина од 506 м2

4. Деловен простор во Ресен на улица Борис Кидрич во вкупна површина од 482 м2

5. Деловен простор во Неготино на улица Маршал Тито во вкупна површина од 405 м2

6. Деловен простор во Струга на улица Диме Ковачев во вкупна површина од 204 м2

7. Деловен простор во Кавадарци на улица Маршал Тито ББ во вкупна површина од 158 м2

8. Деловен простор во Крива Паланка на улица Маршал Тито во вкупна површина од 174 м2

9. Деловен простор во Богданци на улица Маршал Тито во вкупна површина од 68 м2

10. Деловен простор во Валандово на улица Првомајска во вкупна површина од 82 м2

11. Деловен простор во Лозово во вкупна површина од 55 м2

12. Деловен простор во Крушево во вкупна површина од 34 м2

Вредноста на недвижниот имот со кој располага СДСМ чини најмалку 5 000 000 евра. Овие пари не се ниту од чланарини, ниту од донации. Овие пари се на сите граѓани на Република Македонија, а СДСМ ги зграбила како наследник на Сојузот на комунисти.

Тоа е вистината и тоа се фактите околу партиските имоти. Останува уште одговорот на прашањето, Господиние Заев, кога ќе го вратите имотот со кој СДСМ располага, а е граден со пари на сите граѓани и чија вредност достигнува над 5 000 000 евра?

Во однос на заканите околу преговорите во врска со Договорот од Пржино уште еднаш сакаме да им порачаме, Вашите лаги и манипулации не минуваат. Вашиот страв се гледа од Пржино до Клубот на Пратеници. Од изборите во април, нема бегање.

Од судот на граѓаните, нема бегање. . Нема да дозволиме да биде основа за нови преговори и нови барања на СДСМ со кои би се продлабочила кризата. Единствената цел на континуираното испорачување на нови барање е бегањето од избори. Ваквите прес конференции како денешната и заканите за емитување незаконски прислушувани материјали се уште еден доказ за паниката во редовите на СДСМ од анкетите кои ги имаат и во партијата.

Сакаме јасно да им порачаме. Ајде на избори во април. Граѓаните нека одлучат.”