ВМРО-ДПМНЕ згрозени од однесувањето на Арсовска

од Destan Jonuzi
201 прегледи

Згрозени сме од недоличното однесување на Данела Арсовска, која како градоначалник, наместо како пример за добро однесување и управување е пример како не смее да се однесува јавен функционер, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Советничката група на ВМРО ДПМНЕ го поддржува правото Славески да го спроведува деловникот дословно. На македонската јавност и е преку глава од циркузот кој го организира власта, па згора на се сега треба да го гледа и циркузот во режија на Арсовска.

Да посветуваше толку внимание на работа и проекти, немаше Скопје да биде руиниран град. ВМРО-ДПМНЕ не сака и не е да биде дел од циркузот на Арсовска“, додаваат од опозицијата.