Адвокатот Јанаки Митровски на неговиот Фејсбук профил истакна дека ВМРО-ДПМНЕ ја прифати иницијативата за предлог закон за амнестија за настаните од 27 Април и ќе го поднесе предлог законот во Собрание.
183
Адвокатот Јанаки Митровски на неговиот Фејсбук профил истакна дека ВМРО-ДПМНЕ ја прифати иницијативата за предлог закон за амнестија за настаните од 27 Април и ќе го поднесе предлог законот во Собрание.
„Првичниот наш текст е подобрен, во консултација со нас е тргната одредбата од 50% и се оди на целосно ослободување од казна.
Текстот е подобрен од страна на пратениците и со тоа што се остава можност секој амнестиран да се жали дека не прифаќа амнестија доколку е тоа негова желба со оглед на фактот дека еден до осудените јавно прокламираше дека не сака амнестија што мора да се почитува.
Јас и Пешевски апелираме до сите политички партии да го поддржат Законското решение кое НЕ навлегува во правото на осудените да си ја продолжат постапката пред Врховниот суд а воедно и не е дека лежат месец, два три туку шеста година се во затвор додека оние со употребна вредност не само што се на слобода туку се и дополнително наградени! Доста е!“, потенцира Митровски во објавата на Фејсбук профилот.
Јанаки Митровски и адвокатската канцеларија Пешевски и Тимовски поднесоа иницијатива за предлог Закон за амнестија на осудените за настаните од 27 Април со пратеничките групи.
Инаку дел од пратениците беа со став, првин да ја видат иницијативата за новиот Закон за амнестија за осудените од собраниските настани на 27 април, а потоа ќе го кажат и ставот.
Текстовите, фотографиите, видеоматеријалите и другите содржини што ги објавува „lokalno.mk" се авторски.
Во ниту еден случај не е дозволено нивно бесплатно преземање без дозвола од редакцијата на Lokalno.
Доколку се добие дозвола, текстовите, фотографиите, видеоматеријалите и другите содржини дозволено е да се преземат со задолжително наведување на изворот и авторот со вметнување на директна интернет-врска (линк) до оригиналната содржина на „lokalno.mk".
При добивање на одобрување од редакцијата за превземање на текст, може да се превземе само дел од новинарско дело насловот, придружната фотографија (односно насловната фотографија) и воведниот дел на текстот, познат како „лид"
Преземање содржини од „lokalno.mk" надвор од овие услови не е дозволено и подложи на санкционирање согласно Законот за авторски и сродни права.