ВМРО-НП Тетово: Сите да го поддржат утрешниот протест на гимназијалците од македонските паралелки

од Vladimir Zorba
65 прегледи

Соопштение на ОК на ВМРО-Народна партија Тетово:

vnp

Општинскиот комитет на ВМРО-Народна партија од Тетово изразува поддршка за утрешниот протест во однос на проблемот со кој се соочуваат македонските паралелки од гимназијата “Кирил Пејчиновиќ“ и им порачува како на учениците така и на професорите да истраат во борбата и барањата за изнаоѓање на решение односно изградба на нови простории каде што учениците нормално ќе ја следат наставата.

 Веќе месеци наназад како Општинскиот комитет на ВМРО-Народна партија укажува на итноста за решавањето на овој горлив проблем но владата предводена од тендер-коалицијата ДПМНЕ-ДУИ сеуште молчи и очигледно не размислува да превземе чекори за решавање на истиот. Имено наши доброупатени извори велат дека планот за изградба на нови простории наменети за македонските паралелки е предаден од страна на Општина Тетово до двете надлежни министерства, за Транспорт и врски и за Образование.
Утре е први септември, а гимназијалците од македонските паралелки сеуште ги немаат заслужените простории.

Општинскиот комитет на ВМРО-Народна партија од Тетово апелира до сите граѓани да го поддржат утрешниот протест на гимназијалците од македонските паралелки, воедно и порачува да доколку министерствата не ги превземат чекорите за решавање на овој проблем учениците и професорите да ја бојкотираат наставата.

Доколку дојде до евентуални проблеми од страна на Министерството за Образование, Општинскиот комитет на ВМРО-Народна партија од Тетово нуди и бесплатна правна помош.