Машинеријата на ВМРО ДПМНЕ денеска остро ја нападна претседтелката на Врховниот суд Лидија Неделкова, затоа што таа вчера се сретнала со американскиот амбасадор во земјва, Џес Бејли. со идентични наслови, тези, и користење на ист експер, што е дел од препознатливата ПР камапња на ВМРО ДПМНЕ која задолжително ја пренесуваат и телевизиите и порталите, на Неделкова и се зема за грев што се одметнла и дозволила да се сретне со Бејли, а тоа „медиумиве“ го сфатиле како мешање на амбасадорот во независноста на судството, пишува порталот Сведок.
Експертите предупредуваат: Се врши притисок врз судството-напишаСител …Мешањето на странските амбасадори во македонското судство претставува директен упад во правната држава, смета универзитетскиот професор Тања Каракамишева. Таа го дели ставот со претседателот Иванов, дека правосудните органи во Македонија чувствуваат …пишува Сител
Во ист ден и Канал 5 прашува: Дали амбасадорите вршат притисок кон судовите?
Дали средбата што вчера ја имаше претседателката на Врховниот суд, Лидија Неделкова со амбасадорот на САД, Џес Бејли е потврда на се’ почестите информации за притисок врз судиите од меѓународната заедница? Правните експерти велат недозволиви се било …се истакнува канал 5.
Сепак, темата „ексклузивно“ ја отвори курир со насловот: Странски притисок врз судиите, амбасадори се шетаат по нашите судови
Директното или индиректното влијание, како и се почестите притисоци што странските амбасадори ги прават во работата на нашите правосудни органи е одомаќинета практика во Република Македонија, и за жал, многу малку актуелизирана во смисла на …пишува Курир.
Директното или индиректното влијание, како и се почестите притисоци што странските амбасадори ги прават во работата на нашите правосудни органи е одомаќинета практика во Република Македонија, и за жал, многу малку актуелизирана во смисла на , пишува Пулс (ако може да се каже дека пишувале) …
Да не заостане зад „ексклузивката“ на Курир, тука е и Нетпрес, кој цитира што напишал првиов:„Курир“: Странски притисок врз судиите, амбасадори се шетаат по нашите судови
Директното или индиректното влијание, како и се почестите притисоци што странските амбасадори ги прават во работата на нашите правосудни органи е одомаќинета практика во Република Македонија, и за жал, многу малку актуелизирана во смисла на …пренесува Нетпрес!
Сета медиумска хајка против Лидија Неделкова, доѓа ден по средбата со бејли, но и по неговата денешна изјава за поддршка на СЈО. Во владејачката партија се свесни дека Амбасадата на САД им е најголем противник во борбата да го скријат криминалот, а како што пишуваше сведок, ова е втор „крик“ на партијата, по еден пред два месеци во кој Антонијо Милошоски зборуваше дека судиите добивале наредби од амбасади какви одлуки да носат за предметите на СЈО, а веднаш потоа Владимир Панчевски повика судија и го премести на друга материја, бидејќи бил виден како влегува во резиденцијален објект на САД во Скопје.
Според доказите доставени од судии против претседтелот Панчевски за влијанието врз нив, според информации на Сведок, има и такви со кои тој им забранува контакт на судиите со лидија Неделкова, која им беше екс претседтел, а тие кои комуницирале, ги испрашувал за што комуницирале и што барале во Врховниот суд кај Неделкова?
Вчера Врховниот суд соопшти дека Лидија Неделкова, имала средба со амбасадорот на САД во Република Македонија, Џес Бејли. За време на средбата, станало збор за досегашните резултати од реформите на судскиот систем.
Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија, Лидија Неделкова, изрази благодарност за досегашната соработка и помош преку повеќето проекти на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Република Македонија кои се дадени во поддршка и развој на судството во Република Македонија.
Неделкова и амбасадорот Бејли, ја констатираа потребата од продолжување на реформата, но со давање приоритет во однос на измената на одредени законски решенија со цел обезбедување и подобрување на ефикасноста и независноста на судството- соопшти Врховниот суд.
Американскиот амбасадор Џес Бејли денеска пак ги повика политичките партии и институциите да ги остранат сите пречки за работа на Специјалното јавно обвинителство и да обезбедат нормално работење на Парламентот.
При посетата на „Кокино“, Бејли изјави: „Како што подолго време укажуваме, ги повикуваме сите партии и институциите да работат за отстранување на сите пречки за дејствување на Специјалното јавно обвинителство за да може да се утврди одговорност за прислушувањето и за содржината разговорите што произлегоа од него“.
Американизацијата на Неделкова, и целосното дистанцирање во последниов период од партијата ги збеснало во ВМРО ДПМНЕ, а повод да ја нападнат Неделкова, а со тоа да го заштитат Панчевски кој е на удар поради сомневања дека влијаел на носење одлуки за определување притвор и судење на протестантите од Шарената револуција, како и за сите предмети на СЈО е и отворената војна во која се најдоа Неделкова и Панчевски.
Владата направи упад во Врховниот суд со одземање на салата и доделување на ОС Скопје 1 за судење на Диво Насеље. Против Панчевски во тек е и кривична постапка, иницирана од роднина на Неделкова и застапувана од нејзе блиски, а предметот е испратен на судење во Битола.
Во ВМРО ДПМНЕ биле исплашени дека под притисок на САД ќе се формира специјализирано судско одделение за судење на предметите што ги работи СЈО, а Неделкова би имала значајна улога во изборот на судиите, па затоа ваквата нејзина „предавничка“ позиција денеска ја зачинија со хистерични и оркестрирани медиумски напади.
извор: Сведок