Леди Кити Спенсер (29), внука на покојната принцеза Дијана, за време на празниците се свршила за милионерот Мајкл Левис (61). Тајкунот се развел од поранешната жена со која има три деца, а неговото богатство се проценува на 80 милиони фунти, пишува Метро.
– Мајкл ја запроси Кити пред Божик. Беше во Кејп Таун за празниците и им ја соопшти среќната вест на својата мајка и остатокот од семејството. Мајкл го сакаат сите и без разлика на своето богатство тој е толку скромен и приземен – рекол извор за странските медиуми.
Левис инаку е пет години постар од нејзиниот татко.
За прв пат парот беше виден во јавност во ноември 2018 година. Тогаш папараците ги забележале како се бакнуваат откако го напуштиле Клуб 55 во Сен Тропе. Шушкањата за свршувачката ги потикнаа уште минатата година кога Кити била забележана со голем дијамантски прстен.
Врската ја признале дури кога заедно се прошетале во Њујорк. Внуката на Леди Ди рекла дека не брза околу основањето семејство.
– Се гледам себе како мајка во некој момент, но тек сум во дваесетите години. Некои пријатели на моја возраст имаа деца, но мислам дека секој би требало да одлучи сам кога му е идеалното време за тоа – рекла Леди Кити во една прилика.