Внукот на кралицата Елизабета, Питер Филипс, се разведува од сопругата Аутмун. Шушкањата започнаа да се шират на почетокот на неделата, а парот сега ги потврди надводите, пренесува 24sata.hr.
Тие рекле дека тоа е најдобро решение за нивните две деца, Савана и Исла, за да можат и понатаму да останат во добри односи. Наводно, поради новонастанатата ситуација, кралицата е многу вознемирена.
По повеќемесечните расправи парот донел одлука. Приоретет ќе им биде грижата за ќерќите.
– Семејството ќе се прилагоди на промеите. Питер мислеше дека е среќно оженет и дека им совршено смеејство, но сега е во шок. Аутмун е прекрасно сопруга и мајка, многу интелигентна жена, но веќе некое време на пријателите им зборува дека има проблеми. Ова е навистина последното нешто што и требаше на кралицата по сите неволји. Има чувство дека кралското семејство полека се распаѓа – рекол извор близок на парот.
Еден од нивните пријатели тврди дека Питер и Аутмун ќе ги следат Меган и Хари и ќе заминат за Канада. Кога ќе се разведат, Питер ќе биде прв од внуците на кралицата кој тоа го направил.
Извори блиски на семејство тврдат дека нивниот брак веќе неколку години минува низ криза, но како причина за развод не е трета личност. Парот беше во брак полни 12 години.