Внукот на Мухамед Али го откри највредниот совет кој го добил од својот дедо

од Stefanija Kuzmanovska
469 прегледи

Мухамед Али е синоним за боксерска легенда во спортските кругови. Сепак, неговиот живот е многу пошарен и побогат од фрлање удари во рингот.

Тој се смета за еден од највлијателните спортисти на сите времиња, бидејќи активно водеше кампања против угнетувањето на американската влада врз луѓето со боја и беше еден од најгласните противници на виетнамската војна. Тој дури и јавно ја смени верата. Токму со оваа одлука тој извршил најсериозно влијание врз неговото семејство. Конкретно, на неговиот внук Нико Али Волш. Тој за „Токспорт“ го открива највредниот совет што некогаш го добил од својот дедо.

„Она што ми помага да се справам со тензијата е религијата. Јас сум роден и израснат како муслиман, но во текот на изминатата година станав многу поблизок до мојата религија. Мислам дека разбирањето на важните работи во животот е она што ми помага да се справам со стресот, бидејќи за мене најважно е да го почитувам Бога, да правам добро и да бидам добар човек. Вистински успех е влегувањето во рајот. Ова го научив од дедо ми. Често го проповедаше тоа“, раскажува Нико.

Денес Нико Али Волш е дел од ПФЛ каде се обидува да изгради кариера. Пред тоа, тој се испроба во американскиот фудбал, но неговата вистинска страст се боречките спортови.

Слични содржини