Внукот на Опенхајмер смета дека една сцена во филмот е неприфатлива: „Тоа е сериозно обвинување“

од Stefanija Kuzmanovska
340 прегледи

Чарлс Опенхајмер, внук на нуклеарниот физичар Роберт Опенхајмер, смета дека една сцена во филмот не е вистинита и треба да се отстрани.

Во своето интервју Чарлс нашироко зборува за филмот, за средбите со режисерот Кристофер Нолан, но и за сцената која, според него, не е вистинита.

Имено, во приказната на Нолан, заснована на книгата American Prometheus, младиот Роберт Опенхајмер му остава отруено јаболко на учителот Патрик Блекет во налет на лутина, кое Нилс Бор за малку ќе го изедел за време на посета. Тоа е веродостојна низа, но онаа што не е нужно втемелена во историјата.

„Делот што најмалку ми се допаѓа е оној за отровното јаболко, што беше проблем во American Prometheus. Ако ја прочитате оваа книга доволно внимателно, авторите велат: Не знаеме дали тоа навистина се случило. Нема записи дека се обидел да убие некого. Тоа е навистина сериозно обвинување. Нема ниту еден непријател или пријател на Роберт Опенхајмер кој го слушнал тоа во неговиот живот и мислел дека е вистина“, рекол Чарлс.

Тој посочува дека во книгата, по спомнувањето на овој настан, на крајот доаѓаат до заклучок дека постои сомнеж за неговата веродостојност.

Според помладиот Опенхајмер, Нолан признал дека ќе има историски ревизии заради драмата, што му помогнало да го прифати финалниот производ каков што е.

Слични содржини