Документарецот на Нетфликс, Хари и Меган, чија премиера беше рано утрово, открива досега непознати детали од животот на популарната двојка. Во исто време, според британските медиуми, Бакингемската палата е бесна поради нивниот потег, кој го сфатиле како директно објавување војна.
„Меган и Хари му објавија војна на кралското семејство денеска кога беше објавен нивниот документарен филм на Нетфликс“, пишува „Дејли Мејл“.
Многу очекуваната серија е претставена во два дела, а првите три епизоди од документарната серија од шест дела сега се достапни за пренос.
Војводата и војвотката од Сасекс отворено зборуваа за „Мегзит“, расизмот и нивниот нов живот во Калифорнија.
Серијата започна со жесток коментар дека кралското семејство одбило да ги коментира информациите презентирани во шоуто и откри дека е снимена во август 2022 година, пред смртта на кралицата Елизабета.
Image of Harry and Meghan being “stalked by paparazzi” in new Netflix doco is actually of invited media for a Harry Potter film premier…pic taken 5 years before the ginger & the whinger even met. 🤣 pic.twitter.com/7LjLVHXr3i
— Rita Panahi (@RitaPanahi) December 5, 2022
Епизодата започнува со снимањето на Хари на аеродромот Хитроу во март 2020 година додека ги завршува своите последни кралски должности пред да замине за Америка. Во меѓувреме, неговата сопруга е во Ванкувер и во солзи на креветот вели: „Не знам ни од каде да почнам“.
„Ова е приказ од прва рака за приказната на Хари и Меган, раскажана во досега невидена лична перспектива.
„Сите интервјуа се завршени до август 2022 година. Кралското семејство одби да ја коментира содржината на оваа серија“, соопшти Нетфликс.
По оваа воведна епизода, во која Меган и Хари зборуваа за тоа како се запознале и со какви предизвици се соочиле, се очекува во следните епизоди да бидат откриени многу повеќе информации.