Војводата и војвотката од Сасекс всушност не се викаат Хари и Меган: Ова се нивните вистински имиња

од Stefanija Kuzmanovska
289 прегледи

Војвотката и војводата од Сасекс, Меган Маркл и принцот Хари, привлекуваат големо медиумско внимание откако се запознаa.

Нивната венчавка ја следеше целиот свет, а посебна прашина кренаа кога на почетокот на 2020 година објавија дека се откажуваат од титулите и го напуштаат дворот.

Тие сега живеат во Калифорнија, а за нивните лоши односи со кралското семејство редовно се зборува.

Тие двајца решија на сите да им ја кажат својата верзија на настаните од Бакингемската палата, а дадоа и неколку контроверзни интервјуа, Хари објави и автобиографија, а наскоро ќе почне да се прикажува и документарен филм за нивниот живот.

Сепак, она што многумина не го знаеја е дека нивните вистински имиња не се Меган и Хари.

Имено, војвотката од Сасекс е родена како Рејчел Меган Маркл во Лос Анџелес во 1981 година, додека вистинското име на Хари е Хенри Чарлс Алберт Дејвид.

Роден е во 1984 година во Лондон.

Слични содржини