Во 2014 година се продадени 1,2 милијарди смартфони

од Vladimir Zorba
79 прегледи
Според податоците на германската агенција ГФК во 2014 година биле продадени 1,2 милијарди смартфони што е за 23% повеќе отколку во 2013 година. За прв пат минатата година продажбите ја минале границата од 1 милијарда парчиња. Аналитичарите, сепак, не сметаат дека трендот ќе се задржи во текот на оваа година и очекуваат помал раст. Best-smartphone79031
Проекциите за продажба во 2015 година се за 1,368 милиони уреди и раст од 14%. Од Агенцијата велат дека очекуваат растечките пазари да играат позначајна улога за зголемување на продажбата и затоа цените исто така ќе продолжат да се намалуваат, бидејќи потрошувачите таму немаат толку високаи куповни можности.
Очекувањата се за пад на продажбата на паметни телефони со цени над 150 долари и стабилни нивоа на оние кои чинат помеѓу 100 и 150 долари. На крајот на 2014 година, на пример цените на смартфоните се намалени со исклучок на пазарите во Северна Америка, Азија-Пацифик и Јапонија.
Во исто време, сепак, дисплеите на уредите стануваат се поголеми. Продажбата на мобилни телефони со екрани над 5-инчи се зголемија за 180-отсто во 2014 година и се очекува да се најпродавани во 2015 година.